Тајмаут
Рангник дебитираше со победа на клупата на Јунајтед, но сите зборуваат за неговата партнерка, згодната Мексиканка
Германскиот стручњак Ралф Рангник со победа во неделата попладнето дебираше на клупата на Манчестер Јунајтед.
Ова не е прво негово појавување на Олд Трафорд, тој во четвртокот се појави на трибините на „Ѓаволите“ и го гледаше нивниот триумф против Арсенал, додека медиумите од тогаш па се до денес со денови пишуваат за неговиот приватен живот, како и неговата девојка.

Во ложата во четвртокот додека тој го следел мечот, според пишувањата на таблоидот „Сан“ била и неговата девојка Флор кој новиот тренер на Манчестер не сака да ја покажува во јавноста.
Сепак, црнокосата Мексиканка многу брзо беше забележана од папараците иако не седеа еден до друг.
-Ралф знаел дека медиумите ќе го „нападнат“ него, па затоа седнал зад Флор, а не до неа за да не се забележи дека се пар, раскажува изворот близок до парот.