Connect with us

Фудбал

Рангник доби работна виза, но нема да биде на клупата на Манчестер Јунајтед вечерва против Арсенал

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник доби работна дозвола и сега може да ја започне својата работа како привремен менаџер на Манчестер Јунајтед, пренесуваат од „ESPN“.

До крајот на сезоната, Германецот ќе го замени Оле Гунер Солскјер на тренерското столче а потоа ќе остане на „Олд Трафорд“ како консултант за трансфери.

Вечерашниот натпреварот против Арсенал Рангник ќе го проследи од трибините.

Првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед Рангник ќе ја има во петок, а своето деби ќе го има против Кристал Палас во недела.