Connect with us

Фудбал

Рангник го одбра првото засилување за Манчестер Јунајтед, доаѓа од лутиот ривал, а нема да потроши ниту евро?!

Одбраната на Манчестер Јунајтед делува како најслабиот дел од тимот, па не е ни чудо зошто Рангник инсистира да го доведе Антонио Рудигер, одличен стопер кој игра одлично во последните сезони.

Договорот на Рудигер со Челзи истекува на крајот на сезоната, кој ќе се обидат да го искористат на „Олд Трафорд“ за бесплатно да го доведат 28-годишниот фудбалер.

„Сините“ на германскиот стопер му понудија 140 илјади фунти неделно, но тој би сакал повеќе. Го чека договор со неделна плата од 200.000 фунти, сума која Јунајтед сигурно може да си ја дозволи.

Евентуалното доаѓање на Рудигер секако би било засилување за Манчестер Јунајтед со оглед на моменталната „стаклена“ одбрана.