Фудбал
Раниери: Разочаран сум, не видов желба и страст
Фудбалерите на Фулам испаднаа од ФА Купот откако беа поразени на домашен терен од Олдхам со 2:1.
Тренерот Клаудио Раниери имаше причина за биде задоволен по натпреварот со оглед на тоа што од неговиот се очекуваше да има лесна работа, но тие се збогуваа од најголемото клупско натпреварување на „Островот“.
Раниери по натпреварот кажа дека е разочаран.
„Првото полувреме беше досадно што се однесуа до нас, а во второто бевме многу подобри. Дадовме гол и имавме неколку шанси, на на крајот тие заслужено стигнаа до победа. Постигнаа два гола… Можам само да им честитам“, рече Италијанецот и додаде:
„Не видов желба и страст кај моите играчи, а тоа е она што го сакав. Сакав некој од нив да ми покажи дека грешам затоа што не им давав повеќе шанси за игра. Разочаран сум, не знам што се случило“.
На Фулам сега му преостанува грчевита борба за опстанок во друштво на најдобрите англиски екипи.