Connect with us

Фудбал

Ранкник: Рашфорд треба да го следи примерот на Санчо

Маркус Рашфорд мора да го следи примерот на Џејден Санчо ако сака да се врати во форма, изјави менаџерот Ралф Рангник во интервју за goal.com.

Напаѓачот има само пет гола и две асистенции во сите натпреварувања од почетокот на сезоната, кога заработи повреда на рамото. Тој се врати во октомври со три гола во четири натпревари, но оттогаш постигна само два голови.

“Пред шест или седум недели бевме во слична ситуација со Џејден. Тој е добар доказ за тоа што може да направи фудбалер од висока класа. Се зависеше од него, а сега е на Маркус”, изјави Рангник.

Санчо не се снајде најдобро во Манчестер по неговиот трансфер за 73 милиони фунти од Борусија Дортмунд, но 21-годишниот напаѓач во последно време е меѓу најдобрите играчи на Јунајтед. Тој на последните шест натпревари забележа два гола и две асистенции, додека Рашфорд разочара и беше заменет од Ентони Еланга на натпреварот против Атлетико Мадрид.

“Тој моментално е здрав и повеќе нема болки во рамото. Сепак, неговата игра не е иста како порано и убеден сум дека исто така не е задоволен од својата форма. Од нашите стартери се бара да бидат на високо ниво кога се во Не гледам причина зошто не е среќен во Манчестер, бидејќи постигнуваме добри резултати во последните неколку месеци“, продолжи Рангник.

„Маркус само бара начин да се врати во форма и ние се обидуваме да му помогнеме. Разговараме за неговиот настап на теренот со видео репризи и разговараме без престан. Тој одлично се снаоѓа на тренинзите и следниот чекор за него е таа форма да се префрли на официјални натпревари“.