Други спортови
Расел: Се надевам дека оваа изведба ќе му зададе главоболка на Тото Волф во иднина
Привремениот возач на Мерцедес, Џорџ Расел рече дека му било многу тешко да се помири со пропуштената шанса да го освои Гран при на Сахир, но верува дека ја оправдал довербата на Тото Волф.
– Имаше трки во мојата кариера во кои тие ми ја одзедоа победата. Но, двапати на една трка … едноставно не можам да верувам. Јас навистина не можев да верувам што се случува. Дадов се од себе, од дното на моето срце, трката беше под контрола – особено на почетокот – и тогаш безбедносното возило се појави на патеката. Следуваа влегувањата во боксот, мое и на Ботас. Сепак, сè уште се чувствував пријатно. Направив одлично претекнување. Бев подготвен да го бркам Чеко (Перез) за повторно да избијам на лидерската позиција. Сигурен сум дека борбата ќе беше многу тесна. Но, тогаш бевме лишени од оваа шанса, изјави Расел.
Во исто време, ако пред почетокот на овој викенд ми беше речено дека можам да заработам неколку поени, би бил многу среќен и ќе го сметав овој викенд фантастичен (се смее)! Но, ако ми кажеше дека ќе ја водам трката, а потоа ќе се случи такво нешто … ах … дури и не знам. Но, да, навистина е болен удар, додаде Расел.
Младиот пилот доби поддршка од многу страни, секако најголема од неговото семејство и од првиот човек на Мерцедес, Тото Волф.
– Веднаш разговарав со моите родители. Знаев низ што минуваат. Тие рекоа дека можам да бидам горд на себе. Истото е со Тото, Џејмс, Боно. Па да, се надевам дека му зададов многу главоболки во иднина на Тото Волф. Среќен сум и горд, нагласи Расел.