Фудбал
Расизмот е „ефтин“, фудбалер понуди да ја плати казната на расистите кои го навредуваа?!
Муса Марега ја продолжува својата борба против расизмот. Фудбалерот на Порто неодамна беше во многу непријатна ситуација, а сега е во центарот на вниманието.
Тој на мечот против Виторија Гимараеш го напушти теренот поради расистички навреди на противничките навивачи. Тоа беше натпревар на кој го постигна победничкит гол (2:1). Кога виде дека е мета на расизам демонстративно го напушти теренот и побара замена.
Cris racistes à l’encontre de Moussa Marega (Porto) : 714 euros d’amende https://t.co/wlnOtgI2in
— L’ÉQUIPE (@lequipe) March 4, 2020
Сега, стигна казната за навивачите на Виторија Гимараеш. Таа изнесува „неверојатни“ 714 евра. Ова очигледно го налути Марега, па на својот Инстаграм сподели фотографија од веста и допиша порака која гласи:
-Може ли да ја платам казната во нивно име?
Колку за споредба, навивачите на Гимараеш беа казнети за внесување на пиротехнички средства на стадион со 4.017 евра.