Connect with us

Фудбал

„Раскинување на позајмицата? Таквите приказни за Бакајоко се неосновани“

После одличните настапи во дресот на Монако, Бакајоко минатата година премина во редовите на Челзи за 40 милиони евра, но сепак на Стемфорд Бриџ не се покажа во најдобро светло во својата премиерна сезона.

Поради тоа челниците на Челзи минатото лето го испратиа на позајмица во Милан, кој тоа со нетрпение го чекаше со оглед на фактот дека челниците на Росониерите верувале дека Французинот ќе биде големо засилување за нивната екипа.

Сепак, ни во Милан Бакајоко не потсетува на партиите во Монако, па одигра само четири првенствени натпревари оваа сезона. Поради тоа се појавиа гласини дека Милан сака да ја раскине неговата позајмица и сака да го врати во Челзи.

Наводно му беше кажано дека има многу малку време да се поправи или во јануари ќе биде вратен во Челзи, во кој тешко дека ќе игра до крајот на сезоната.

Сепак, Федерико Пасторело, италијански менаџер кој беше посредник во преговорите за реализација на трансферот на Бакајоко во Милан истакна дека тоа се глупости.

„Бакајоко е среќен во Милан и Милан е среќен со него. Знаевме дека ќе биде потребно одредено време, но сите веруваме дека многу да му даде на Росониерите оваа сезона. Поради тоа, сите гласини за неговото враќање во Челзи во јануари се потполно неосновани“, порача Пасторело