Кошарка
Распад систем, на Дончиќ му скандираа „дебел“, не му оди со Ирвинг, само чудо го носи во плеј оф
Доколку не се случи чудо, Лука Дончиќ ќе го пропушти овосезонскиот НБА плеј-оф. Во еден момент од сезоната се чинеше дека Далас може да се бори за самиот врв, но повредите и променливата форма на Дончиќ, а потоа и „скапото“ доаѓање на Кајри Ирвинг, целосно го расипаа концептот на играта на Маверикс. Се што изградија падна преку ноќ, па по поразот од Атланта (132:130) само теоретски можат да стигнат до плеј-офот.
Luka Doncic misses the potential game-winner and the Hawks escape in overtime 🤯pic.twitter.com/O9ePzJU43h
— ClutchPoints (@ClutchPointsApp) April 3, 2023
За некако да стигнат до плејофот, треба да ги добијат сите три преостанати натпревари и Оклахома има 1-2 или Минесота ги загуби сите три преостанати натпревари. Исто така, теоријата вели дека со резултат 2-1 можат да се „прикрадат“ на последното место кое води кон продолжението на сезоната, но во тој случај Оклахома мора да ги загуби сите три натпревари, а Лејкерси сите четири. Се чини невозможно…
Јасно е дека после се ќе треба да се направи голема анализа како Далас со еден од најдобрите играчи денес си дозволи да „прокоцка“ уште една сезона, како и што мислеа кога го доведоа Кајри Ирвинг – кој Речиси сигурно нема да остане во Маверикс и следната сезона бидејќи летово избира нова средина. Претходната вечер тој постигна 41 поен и беше најдобар играч на Атланта, но се чини дека не може да работи со Дончиќ и дека „дадоа премногу“ за него, што му врачи контра. Дончиќ, пак, мора да ги реши приватните проблеми за кои јавно зборуваше. Веќе подолго време игра катастрофално и против Хокс постигна само 22 поени (8 од 21 шут), со седум скока и седум асистенции. Изгледа дека не ужива во кошарката како порано, па делуваше млитаво на паркетот, а навивачите на Атланта дури извикуваа „дебели