Connect with us

Други спортови

Разбиена криминална банда од Балканот, на бизарен начин мамеле обложувалници

Интерпол, Европол и шпанската полиција разоткрија криминална организација која ги измамила обложувалниците на необичен начин по покрената истрага во 2020 година поради серија сомнителни облози. Имено, луѓе од Бугарија и Романија основале криминална мрежа во Шпанија следејќи различни спортски натпревари во живо со помош на технологијата и на тој начин гледајќи го резултатот и што ќе се случи, имале информации пред обложувалниците да ги регистрираат промените. Тие на тој начин можеле лесно да вршат големи уплати преку Интернет и дошле до сериозни пари, а лидерот на организацијата, поранешен бугарски пинг-понг спортист, дури и подмитувал некои фудбалери кои играле за романски клубови.

Европол наведува дека членовите на оваа група најчесто се обложуваат на натпревари во азиската и јужноамериканската фудбалска лига, но и во Бундеслигата, Лигата на нации, Светското првенство во Катар и АТП и ИТФ тениските турнири. Во полициската акција уапсени се 23 лица, претресени се четири куќи, две се консфискувани, како и три луксузни возила, два сателити, уред за блокирање сигнал, 47 банкарски сметки, 80 мобилни телефони…