Connect with us

Други спортови

‘Рбетот и бил преполовен, лекарите се откажале од неа, а таа ја шокираше јавноста единаесет недели подоцна

Тешката животна приказна на мотоциклистката во слободен стил, Кристина Витолкас, никого не остави рамнодушен, а особено лекарите кои прогнозираа дека по повредата на ‘рбетниот столб никогаш нема да стане на нозе. Но, по страшната несреќа во која остана парализирана, таа сепак се врати на мотоцикл.

  • Беше одлично да се слушне звукот на моторот и да се почувствува воздухот на лицето и косата, адреналинот е неверојатен. Постојано ги прашував лекарите за пациентите кои најбрзо се рехабилитирале и заклучив дека јас сум победник, изјави Кристина која со својот вереник повторно се качи на мотоцикл.
  • Штом ја надминете границата на стравот, веднаш ќе се вратите на она што ве исполнува. Никогаш не се откажувајте, порача младата мотоциклистка која ја заврши рехабилитацијата откако пред само три месеци ја доживеа несреќата.

Имено, до несреќата дошло откако Витолкас погрешила при скок, кој претходно илјадници пати го извела перфектно. Вереникот бил сведок на тој хорор при натпреварувањето, кога го повредила рбетот и останала без свест. Била веднаш однесена до најблиската болница каде што и биле констатирани сериозни повреди. Кога и кажале дека никогаш нема да оди, брзо се соочила со новиот начин на живот.

  • За жал, работите никогаш нема да бидат исти за мене. Се привикнувам како да користам инвалидска количка и да се навикнувам на новиот живот, ги известила во тоа време своите фанови преку социјалнирте мрежи.

Со повреда на слезинката, големо набивање на градниот кош, скршени ребра и ‘рбетен столб, Кристина го започнала долгиот процес на рехабилитација. Но, набргу потоа го променила стилот, надевајќи се дека еден ден ќе ги научи своите нозе повторно да одат.

  • Моите 23 години ми овозможија побрза рехабилитација. Можеби тоа беше пресудно за повторното станување на нозе, вели Витолкас.

Таа наведе дека нова цел и е да основа женски тим на мотоциклистки и воедно да ги инспирира сите девојки да го совладаат овој спорт во кој доминација имаат мажите.