Connect with us

Фудбал

Реакцијата на Роналдо по мечот со Барнли ги налути навивачите на Манчестер Јунајтед (ВИДЕО)

Навивачите на Манчестер јунајтед му замерија на однесувањето на Кристијано Роналдо откако судијата го означи крајот на мечот со Барнли. Обичај е фудбалерите да застанат пред навивачите по натпреварот, без оглед на исходот, а оваа сезона Роналдо тоа не го прави.

Штом судијата Мајк Дин означи крај, Роналдо истрча сам во соблекувалната, додека останатите фудбалери на Јунајтед застанаа пред навивачите кои допатуваа на гостување.

Инаку овој меч помеѓу Барнли и Манчестер Јунајтед заврши без победник 1:1.