Connect with us

Фудбал

Реал, Барселона и другите гиганти тријат раце, Европскиот суд пресуди против УЕФА и ФИФА, Суперлигата може да се формира!

УЕФА и ФИФА постапија спротивно на законот за натпреварување кога пред две години ја забранија Супер лигата, одлучи денеска Европскиот суд за правда.


Пресудата не значи дека повторно ќе се формира Суперлига, туку само дека треба да се дозволи нејзино формирање во иднина. Челниците на моќните клубови Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, како основачи на Суперлигата, ја тужеа УЕФА за конфликт на интереси и тврдеа дека чадор фудбалските организации имаат незаконски монопол на организацијата на сите фудбалски натпреварувања.

Проектот Суперлига може да добие ново засилување по оваа одлука на Судот, додека Барселона и Реал можат да добијат по милијарда евра судска отштета. Да потсетиме, Суперлигата беше замислена како натпреварување на најсилните фудбалски клубови во Европа, а при нејзиното основање наводно биле контактирани околу 60 клубови кои би можеле да учествуваат во неа.