Connect with us

Фудбал

Реал демантира дека Мбапе доаѓа во Мадрид

Реал Мадрид денеска ги дементираша тврдењата на повеќе медиуми дека раководството на актуелниот европски шампион постигнало договор со Пари Сен Жермен за купување на младиот напаѓач Килијан Мбапе.

Информацијата прво ја пренесоа француските медиуми, при што беше наведено дека Реал за трансферот ќе плати 272 милиони евра.

Но, клубот од Мадрид ја демантираше веста, а претходно ги отфрли и гласините за доаѓањето на Нејмар во неговите редови.

– Реал Мадрид не достави никаква понуда до ПСЖ или до играчот. Жалиме поради ширењето на ваквите информации, стои во кусото соопштение од шпанскиот клуб.

Во изминатиот период зачестија гласините во шпанските медиуми дека Кристијано Роналдо кариерата ќе ја продолжи во Јувентус.