Фудбал
Реал го продава напаѓачот за ситно
Реал Мадрид во наредните часови би требало да го продаде напаѓачот на Керил.
Според шпанските медиуми, Такефусо Кубо е блиску до потпис за Реал Сосиедад, а мадридскиот клуб би требало да заработи околу 6,5 милиони евра од продажбата на 21-годишниот Јапонец кој има договор со Кралскиот клуб до јуни 2024 година.
Кубо важеше за еден од најголемите јапонски таленти, а во 2019 година од Токио се пресели во Реал Мадрид.
После тоа замина на позајмица во Мајорка, Виљареал, Хетафе, а сега Реал Сосиедад сака да го откупи неговиот договор.
Интересно, тој ги помина сите младински селекции на Јапонија од У15 до У22, а играше и за селекцијата на Олимпијадата до 23 години.
Тој веќе има 18 настапи за сениорската репрезентација на Јапонија и постигна еден гол.