Реал и Зидан преживеаја во Истанбул

Реал Мадрид ја оствари својата прва победа во Лигата на шампионите во сезоната, откако го совлада Галатасарај со 1:0. Натпреварот беше клучен за „кралевите“, кои запишаа само 1 поен во првите два натпревари, а нов кикс вечерва може да го чини позицијата на Зинедин Зидан во тимот.

Сепак, Тони Крос постигна вреден погодок во 18-тата минута, а другиот херој на Шпанецот е вопоследно време многу критикуваниот Тибо Куртоа. Белгиецот направи неколку импресивни одбрани, особено во првото полувреме.

-текстот продолжува по рекламата-

Со овој успех, Реал Мадрид се најде на второто место во групата „А“ со 4 поени, цели 5 зад апсолутниот лидер ПСЖ кој вечерва му даде 5 гола на Бриж.

Белгискиот клуб сега е трет со 2 бода, додека Галатасарај е на дното со 1.

Резултати од ЛШ, 3 коло:

Група „А“:

Бриж – ПСЖ 0:5
Галатасарај – Реал Мадрид 0:1

Група „Б“:
Тотенхем – Црвена звезда 5:0
Олимпијакос – Баерн Минхен 2:3

Група „Ц“:
Шахтјор Доњецк – Динамо Загреб 2:2
Манчестер Сити – Аталанта 5:1

Група „Д“:
Атлетико Мадрид – Баер Леверкузен 1:0
Јувентус – Локомотив Москва 2:1