Connect with us

Фудбал

Реал ја објави повредата на Бензема

Реал Мадрид официјално ги објави резултатите од лекарските прегледи на Карим Бензема. Французинот го напушти теренот повреден на натпреварот против Селтик во Лигата на шампионите.

„По извршените тестови на нашиот играч Карим Бензема од страна на медицинските служби на Реал Мадрид, му беше констатирана повреда на полутендинозус и истегнување на квадрицепсот, двата во десната бутина“, напишаа од „Сантијаго Бернабеу“.

Бензема сигурно ќе ги пропушти натпреварите против Мајорка во Ла Лига и гостувањето кај РБ Лајпциг во СХЛ.