Кошарка
Реал ќе добие 1,76 милиони евра за освојување на Евролигата
![](https://sportm.mk/wp-content/uploads/2023/05/92844d8d-d40a-4b91-aacf-d19e77c56222.webp)
По завршувањето на сезоната во кошаркарската Евролига, е познато како ќе биде распределен наградниот фонд. Како првопласирана екипа, Реал Мадрид ќе добие најголема сума – 1.759.398 евра.
Олимпијакос, поразениот во финалето, ќе добие речиси половина – 996.992 евра. Монако ќе добие 879.699 за третото место, Барселона 762.406 за четвртото.
Понатаму, паричната награда за сезоната 2022/23 е распределена на следниов начин: Макаби – 703.759 евра, Партизан – 645.112, Жалгирис – 586.466, Фенербахче – 527.819, Басконија – 469.173, Црвена ѕвезда 410.526, Анадолу Ефес 351.880, Милано – 293.233, Валенсија – 234.586 и Виртус – 175.940.