Connect with us

Фудбал

Реал (М) го продава дебелиот Иско

Поради очајните резултати кои беа забележани на почетокот од новата сезона, Реал (М) реши да ја прекине соработката со Хулиен Лопетеги и за шеф на стручниот штаб да го именува Сантијаго Солари.

Аргентинскиот стручњак успеа да го разбуди заспаниот џин, но и понатаму продолжија маките на репрезентативецот на Шпанија, Франциско Иско. Офанзивниот играч за врска беше една од клучните алки во времето на Зинедин Зидан, но во актуелната сезона се почесто ја грее клупата за резервни фудбалери.

Проблемот кој Иско го има на “Сантијаго Бернабеу”, сакаат да го искористата раководните лица на Манчестер Сити и Челзи, така барем тврди познатиот шпански новинар, Едуардо Инда.

  • Во Реал (М) сметаат дека Иско не е повеќе дел од групата, дека игра само за себе, но и дека има проблем со тежината. Поради тие причини Иско размислува за преселба во Премиер лигата. Има понуда од Челзи и од Пеп Гвардиола. Мислам дека може да се снајде и во Манчестер Сити, поради нивниот стил на игра. Кристијано Роналдо не сакаше да игра со него и тврдеше дека премногу ја задржува играта. Дали му е потребен на Челзи? Иско е навистина посебен играч, изјави Инда.

Иско се пресели во Мадрид во 2013 година од редовите на Малага, а од тогаш има одиграно 252 натпревари во “кралскиот дрес”.