Connect with us

Кошарка

Реал Мадрид го чека „пекол“ во Белград, влезниците распродадени за пет часа!

За помалку од пет часа продадени се сите билети за третиот натпревар од четвртфиналната пресметка во кошаркарската Евролига меѓу Партизан и Реал Мадрид, соопшти вечерва белградскиот клуб.

Цената на влезниците се движеше од 3.5 до 500 евра.

Партизан во првиот натпревар триумфираше на гостувањето во Мадрид со 89-87, а вториот натпревар е на програмата вечерва во шпанската престолнина со почеток во 20:45 часот.

Третиот натпревар ќе се игра на 2 мај во Белград.

Четвртфиналната серија се игра до три победи.