Поврзи се со нас

Фудбал

Реал Мадрид го најде наследникот на Касемиро во Бразил!

Бидејќи Реал Мадрид бара алтернатива на Касемиро, во Бразил известуваат дека наследникот повторно би можел да биде играч на репрезентацијата на Бразил.

Станува збор за талентираниот 20-годишен Габриел Менино кој е дел од тимот на Палмеирас и има договор со клубот до 2024 година.

Менино оваа сезона ги играше сите натпревари за тимот на Палмеирас, додека тој беше групиран во двата натпревари од октомври со Бразил, но не дебитираше.

Но, Бразилецот повторно беше поканет и токму наместо Касемиро во националниот тим затоа што Касемиро излезе позитивен на КОВИД-19, но само неколку дена подоцна Менино исто така излезе позитивен и неговото деби беше одложено.

Шпанскиот клуб проследи неколку натпревари со играчот од средниот ред кој има слични карактеристики како Касемиро и ќе се обиде да го трансферира Бразилецот во јануарскиот преоден рок.

20-годишникот може да се зачлени во клубот од соништата за цифра од 18 милиони евра.

loading...

Facebook