Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид го потпишува најмоќниот спонзорски договор-10 милијарди евра!

Познатиот шпански клуб Реал Мадрид е блиску до конечен договор со американската корпорација „Legends Hospitality“.

Реал и американската корпорација ќе потпишат договор кој на Кралевите треба да им донесе дури 10 милијарди евра за 25 години. Тоа значи дека Реал ќе добива 400 милиони евра годишно. Legends Hospitality “ќе добие 20 отсто сопственост во компанијата која управува со модерниот стадион Сантијаго Бернабеу, кој ќе биде целосно реновиран следната година. Така во следните 25 години оваа корпорација ќе организира собири на стадионот и ќе биде задолжена да донесе реномирани брендови.

Оваа корпорација е во сопственичката структура на Сан Антонио Спарс и Далас Каубојс, а Реал со потпишаниот договор ќе стане еден од најбогатите тимови и секоја година ќе има можност да ги носи најголемите засилувања.

По реконструкцијата на стадионот, која ќе биде завршена во јануари 2023 година, арената во Мадрид ќе стане една од најмодерните во светот, со најсовремена опрема. Целосно ќе биде модифицирана фасадата, а целата арена ќе има подвижен покрив кој може целосно или делумно да ја покрие внатрешноста на стадионот.

Ќе се зголемат просторите за забава и угостителство, ќе се одвои специјално создаден простор за еСпорт, а навивачите ќе имаат корист од клупските содржини на нивните мобилни телефони и таблети, што ќе го подобри нивното искуство за време на натпреварот.

Ќе се зголеми пешачката зона околу стадионот за 20.000 квадратни метри, ќе се подобри безбедноста, пристапноста и евакуацијата за сите навивачи, ќе се отворат два големи фан шоп и ќе се прошири музејот и ќе се вклучи технологијата за виртуелна реалност.

Реновирањето на стадионот на Реал започна во 2019 година и ќе чини околу една милијарда евра, а играчите на Кралскиот клуб натпреварите ги играа на многу помалиот стадион Алфредо ди Стефано.

Капацитетот на стадионот ќе остане 81.000 седишта, но висината на стадионот е подигната за 10 метри за да може да се додаде подвижен покрив.

Шпанските медиуми претходно објавија дека кошаркарските натпревари на Реал Мадрид би можеле да се играат на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ од следната сезона.