Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид и да ја освои ЛШ, Перез ќе распродаде речиси цел тим?!

Реал Мадрид ја игра сезоната од соништата – титулата веќе се прослави, а новото финале во Лигата на шампионите дојде по неверојатно сценарио против Пари Сен Жермен, Челзи, а потоа и Манчестер Сити.

Сепак, иако во Реал владее одлична атмосфера, Флорентино Перез на прво место отсекогаш бил сериозен бизнисмен и веќе бара да расчисти, да ја засили конкуренцијата и да направи тим кој ќе продолжи да доминира.

Извори од Шпанија со недели составуваат црна листа на играчи кои ќе бидат отстранети, а таа нема да се промени ниту ако Реал ја освои Лигата на шампионите. Најголем дел од нив се играчи кои немаа ни значајна минутажа, само ситуацијата е променета со Дани Себаљос, во кого Анчелоти гледа добар квалитет за ротација.

Останатото е познато – Марсело, Иско и Герет Бејл си го одиграа својот дел и на лето заминуваат без обесштетување. Марсело може дури и да ја заврши кариерата, веќе не чувствува ревност да игра како порано, Иско е блиску до Бетис, а Бејл веќе подолго време е надвор од Мадрид, а договорот му истекува на 30 јуни.

Следни се Лука Јовиќ и Маријано Дијаз, двајца напаѓачи кои речиси во ниту еден момент не покажаа дека можат да го „одморат“ и да го заменат Бензема.

Хесус Ваљехо е играч кој не може да ја покрие конкуренцијата и да биде во ротација со Милитао, Алаба, а сигурно е дека ќе оди на позајмица или ќе биде продаден.

Неизвесна ќе биде и судбината на Марко Асенсио кој има договор до 2023 година и се уште не се согласил да потпише нов. Шпанецот сака да остане во Мадрид, но и да биде важен шраф. Ако дојде Мбапе, а сигурно е дека ќе дојде, конкуренцијата во нападот ќе биде огромна, бидејќи тука се и Винисиус и Родриго.

Повратникот од позајмица Алваро Одриозола тешко дека ќе добие шанса, можно е Фиорентина дури да го задржи и да го купи на лето.

И конечно, резервниот голман Лунин би можел да биде позајмен за да се стврдне, бидејќи Тибо Куртоа е недопирлив.

Кога ќе се повлече линијата, Перез ќе го продаде речиси цел тим – Лунин, Одриозола, Ваљехо, Марсело, Иско, Бејл, Јовиќ, Маријано, а можеби и Марко Асенсио.

Реклама

Facebook