Фудбал
Реал Мадрид има два големи проблеми со Почетино
Францускиот тренер Зинедин Зидан, ги шокираше лидери и поддржувачите на Реал Мадрид, пред неколку дена откако изјави дека го напушта Кралскиот клуб.
Зидан поминал помалку од три години на клупата на Реал и успеа да освои се што може. По неговото пристигнување Реал Мадрид ја има освоено три пати по ред Лигата на шампионите, што ќе биде навистина тешко за некој да го повтори тоа во иднина.
Но, Зидан одлучи дека е време да ги напушти кралевите и со својата одлука го шокираше претседателот Флорентин Перез. Лидерите на Реал сега мора брзо да реагираат и да најдат замена за француски експерт, а според шпанските медиуми, прва желба на Перез е тренерот на Тотенхем, Маурисио Почетино.
Почетино е заинтересиран да дојде во Реал бидејќи тоа за него ќе биде шанса за кариера. Сепак, кралевите имаат два големи проблеми во однос на тренерот на лондонскиот клуб. Имено, Почетино минатата недела го продолжи договорот со Тотенхем, и ако Реал го сака тогаш тоа ќе ги чини богатство.
Исто така, Почетино веќе некое време е на тренерската сцена, но се уште не освои ништо, што ќе биде голем притисок за него ако дојде во Реал Мадрид. Особено ако се земеме во предвид сето она што го направи Зидан, кој пристигна речиси без никакво искуство.