Поврзи се со нас

Фудбал

Реал Мадрид ќе го продолжи договорот со Карвахал на две години

Мадрид, 6 ноември 2020 (МИА) – Реал Мадрид е близу до продолжување на договорот на својот дефанзивец Дани Карвахал, соопшти „Марка“.

Според шпанскиот весник, новиот договор со 28-годишниот Шпанец ќе се пресметува до крајот на јуни 2024 година.

Во сезоната 2020/21, Карвахал одигра три натпревари за Реал Мадрид и забележа една асистенција.

Тековниот договор на одбранбениот фудбалер важи до крајот на јуни 2022 година. зс/

loading...

Facebook