Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид му постави ултиматум на Серхио Рамос

Искусниот дефанзивец Серхио Рамос беше во центарот на вниманието во последно време поради шпекулациите дека ќе го напушти Реал Мадрид на крајот од сезоната.

Рамос има договор до крајот на оваа сезона и не постигна договор со кралскиот клуб во врска со продолжувањето на соработката. Многумина веруваат дека искусниот дефанзивец ќе го напушти Сантијаго Бернабеу по 16 години.

Реал неодамна му понуди нов едногодишен договор на Рамос со нешто помала плата, што 34-годишникот веднаш го одби.

Рамос беше разочаран од понудата што ја доби од Флорентино Перез и побара двегодишен договор со годишна плата од 12 милиони евра, што е за 1,2 милиони евра повеќе од она што му го нудат кралевите.

Шпанските медиуми денес пишуваат дека Реал одлучи да му постави ултиматум на овој дефанзивец и му рече дека мора да се изјасни до средината на март. Понудата на Реал останува иста, и ако тој ја одбие, тоа ќе биде јасен знак дека го напушта клубот.