Фудбал
Реал Мадрид по Јовиќ и Азард, вечерва потврди уште едно засилување!
Реал Мадрид многу активно започна со составување на тимот за новата сезона.
Кралевите прво го донесоа Лука Јовиќ кој денеска беше претставен на Сантијаго Бернабеу, а после тоа е потврден уште еден трансфер на Азард кој доаѓа од Челзи.
Претставувањето на Азард е закажано за утре, а кралскиот клуб своите навивачи вечерва ги изненади со уште една објава и потврда дека дресот на Реал од следната сезона ќе го носи и Ферланд Менди.
Овој играч воодушевуваше на сите натпреварите во дресот на Лион, со што за него се заинтересираа голем број на клубови. Иако неколку пати досега се поврзуваше со Барселона, на крај тој потпиша за Реал.
? #WelcomeMendy pic.twitter.com/ALwDfxCHBx
— Real Madrid C.F.⚽ (@realmadrid) June 12, 2019
Менди за кралевите потпиша договор до 2025. година и тој ќе биде претставен следната среда на Сантијаго Бернабеу.