Фудбал
Реал Мадрид подготви 100 милиони фунти за врвно засилување
Како што пишува „The Independent“, Реал Мадрид конечно се одлучи да доведе едно врвно засилување откако остана без Кристијано Роналдо.
Реал ги има Винсиус, Брахим и Мариано Диаз и останати слични играчи на нив, но се знае што очекуваат навивачите на Реал после нивната најголема ѕвезда. Нервозата и нетрпението расте, па „Кралевите“ мораат веднаш во акција.
Прв на листата желби на Реал Мадрид е Кристијан Ериксен, одличниот фудбалер на Тотенхем за кој европскиот шампион подготви понуда тешка 100 милиони фунти.
Ериксен има 26 години и има договор со Тотенхем до 2020. година, а моментално во тек се преговорите околу продолжување на соработката. Доколку тој договор не се постигне, Реал би имал отворен пат кон Данецот кој за Тотенхем игра од 2013. година кока пристигна од Ајакс.
Постои опција Реал за Ериксен да го понуди Иско + парични средства, но прашањето т што ќе кажат на тоа од Тотенхем.
Кристијан Ериксен оваа сезона за Тотенхем одигра 18 натпревари во Премиер лигата и има постигнато четири гола и седум асистенции.