Фудбал
Реал Мадрид погледна кон одбиениот од Арсенал
Лидерот во Примера, Реал Мадрид ја разгледува понудата за дефанзивецот на Арсенал, Вилијам Салиба, пренесува SPORT. 20-годишниот дефанзивец остави сериозен впечаток во Марсеј, каде е на позајмица оваа сезона, но се чини дека нема место во северен Лондон.
Салиба има врски и со Килијан Мбапе, а Лос Бланкос веруваат дека обезбедувањето на дефанзивецот дополнително ќе ги зголеми нивните шанси за привлекување на суперѕвездата на ПСЖ.
Мбапе и Салиба пораснаа во истите предградија на Париз, додека таткото на Мбапе беше тренер на Салиба на ниво на младински тим.
⚽ Saliba nació en Bondy y fue a la misma escuela que Mbappéhttps://t.co/DZkGt8KD7s
— Diario SPORT (@sport) January 28, 2022