Поврзи се со нас

Фудбал

Реал Мадрид покажува интерес за Алаба

Мадрид, 3 ноември 2020 (МИА) – Дефанзивецот на Баерн Минхен, Давид Алаба, кариерата може да ја продолжи во Шпанија. Според „АС“, Реал сака да го добие 28-годишниот Австриец следното лето.

Претходно беше објавено дека Алаба е подготвен да ги разгледа предлозите за потпишување прелиминарен договор со други клубови во зима.

Актуелниот договор на играчот со Баерн Минхен истекува на крајот на сезоната.

Алаба се пресели во Баерн Минхен во 2008 година. Оваа сезона, австрискиот дефанзивец одигра осум натпревари и направи една асистенција. зс/

loading...

Facebook