Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид прашува за Ван Дајк, Ливерпул веднаш подготвува бланко чек

Во изминатите неколку денови се зборува дека Реал Мадрид е подготвен да понуди нешто повеќе од 150 милиони фунти за Вирџил Ван Дајк, а Ливерпул стравува дека по пехарот во Лигата на шампионите и титулата која оваа сезона ќе ја освојат, дефанзивецот би можел да се одлучи за нова авантура.

Поради тоа, англискиот тим подготвува „бланко чек“ за фудбалерот. Поточно во наредните денови ќе почнат преговори со него, а доколку прифати ќе го направат најплатениот дефанизвец на светот на сите времиња. Според одредени непотврдени информации, Ван Дајк би добил 50 милиони фунти, но не е познато за колкав период. Секако во клаузула ќе бидат уфрлени и бонусите за освоени трофеји.