Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид се откажа од фудбалерот за кој се веруваше дека ќе стане еден од најдобрите, го продаде на Арсенал

Реал Мадрид во 2015-та година го купи Мартин Одегард кога имаше само 16 години. Норвежанецот во тоа време важеше за голем талент, кој ќе има голема кариера. Сепак, очекувањата не се исполнија. Реал Мадрид постојано го испраќаше на позајмици, а тој никако да блесне онака како што се очекуваше.

Минатата сезона беше на позајмица во Арсенал, а сега Реал Мадрид одлучи да го продаде на англискиот тим. Одегард со Арсенал потпиша перманентен договор до 2025-та година.