Реал Мадрид се откажува од Пол Погба, но се сврти кон фудбалерот на Наполи?

Реал Мадрид веќе донесе неколку големи засилувања, но тренерот Зинедин Зидан сака да донесе уште неколку играчи.

Еден од нив е Пол Погба, но тешко ќе биде да се наговори Манчестер Јунајтед да го продаде својот играч, а покрај тоа Французинот попрво би се вратил во Јувентус.

Од таа причина Реал тргна во потрага за друго решение и според шпански „AS“, клубот од Мадрид го гледа играчот на Наполи Фабиано Руиз како алтернатива за Погба.

Руиз минатото лето пристигна од Бетис во Наполи за околу 30 милиони евра и одигра 40 натпревари, постигна 7 голови и запиша 3 асистенции.

Главнот проблем за Реал е тоа што Руиз нема откупна клаузула затоа што Наполи сметаше дека неговата цена ќе се зголеми, што на крајот и се случи, па сега може да бара огромна сума.

Наполи е познат по ова, па така Гонзало Игуаин во 2016. година замина во Јувентус за близу 95 милиони евра, а моменталната откупна клаузула за Кулибали е 150 милиони евра.