Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид со „девет животи“ – непоразен во првиот меч кај Баерн Минхен (ВИДЕО)

Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа 2:2 во првата полуфинална пресметка во Лигата на шампионите. Двата тима одиграа многу интензивен и интересен натпревар, но тренерите Томас Тухел и Карло Анчелоти не успеаја да се надмудрат.

Баварците тргнаа силно, но магичното додавање на Тони Крос во 24. минута ја пресече одбраната и Винисиус Јуниор го отвори резултатот.

По паузата, Лерој Сане израмни во 53. минута, а Хари Кејн четири минути подоцна реализираше пенал за пресврт.

Сепак, „лос бланкос“ покажа бескомпромисен дух и во 83. минута Родриго доби удар од белата точка. Винисиус ја задржа ладнокрвноста и го постигна својот втор гол на натпреварот со кој ги постави конечните 2:2.

Така победникот ќе биде решен во реваншот кој за една недела е во Мадрид.