Connect with us

Кошарка

Реал Мадрид со неколку барања пред гостувањето во Белград, еве што бараат!?

Во шпанската престолнина се загрижени , по тепачката што изби во вториот натпревар од четврт-финалето на Евролигата. Како што јави израелскиот новинар Арале Вајсберг, Шпанците пред да пристигнат во Србија поставиле неколку барања.

Меѓу нив се 24-часовно засилено обезбедување во хотелот, полициска придружба до „Штарк Арена“ на тренинзи, како и обезбедување покрај клупата за време на самиот натпревар. Дополнително, автобусот треба да ги земе играчите и персоналот на Реал по слегувањето од авионот, со што ќе се избегне изложување на јавноста на терминалот. Според текстот на порталот „Валаспорт“, за кој работи Вајсберг, Партизан ги одобрил сите барања. Натпреварот е закажан за 2 мај во 20:30 часот.