Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид со перфектен учинок, Елмас и Наполи во последно коло ќе бркаат пласман во осминафинале (ВИДЕО)

Реал Мадрид со перфектни пет од пет во ЛШ. Вечерва славеа и против Наполи со 4:2. Гостите од Италија поведоа со голот на Симеоне по само девет минути игра. Сепак, во 11-та Родриго и 22 Белингам постигнуваат голови за пресврт. Само што почна вториот дел, поточно во 47-ма минута Ангиуса израмнува на 2:2, но се чини дека силата на Наполи толку беше. Реал со головите на 19-годишниот Нико Паз во 83-та и Хоселу во 94-та стигнува до пета победа од пет меча. Елиф Елмас во игра влезе во вториот дел, поточно 65-тата минута. Во последното коло Наполи против Брага на домашен терен ќе брка пласман во осминафинале, а доволен им е само бод да го потврдат пласманот.

Standings provided by Sofascore