Фудбал
Реал Мадрид вечерва без половина тим!
Фудбалерите на Реал Мадрид вечерва ја пречекуваат Гранада, а дополнителни кадровски проблеми има Карло Анчелоти.
Претходно беше повреден Карим Бензема, надвор од терените е и Ферлан Менди, суспендиран е Винисиус Јуниор, а денеска поради стомачни проблеми од списокот отпаднаа Лукас Васкез и Касемиро. Ако го погледнеме поголемиот дел од сезоната, има пет стандардни првотимци.
Затоа Карло Анчелоти денеска мора да „закрпи“ во сите три линии од тимот – Марсело најверојатно ќе мора да оди лево, а Карвахал десно, Алаба и Милитао се во центарот. Се очекува Касемиро да го замени Валверде, кој поради замор не играше во Билбао, заедно со Модриќ и Крос.
Јовиќ ќе биде сигурен во нападот заедно со Родриго, а за трет офанзивец конкурираат Асенсио и Азар. Мечот Реал Мадрид -Гранада се игра вечерва во 21:00 часот.