Connect with us

Фудбал

Реал одлука за иднината ја остава на Одегард

Норвешкиот фудбалер Мартин Одегард (21) игра многу добра сезона во Реал Сосиедад.

„Кралевите“ го испраќаа на позајмици 21-годишниот играч од средниот ред во последните години, но како што тврди АС, тренерот Зинедин Зидан е подготвен да му даде место во тимот за следната сезона.

Како и да е, на никој не му е загарантирано место во тимот, дури ни на одличниот норвешки фудбалер, а на крајот Одегард ќе си реши сам за своја судбина.

Реал ќе го остави изборот. Тој може да остане и да се бори за своето место во тимот или пак може повторно да замине на позајмица.

Договорот на Одегард со Реал истекува во летото 2023 година. Клубот не размислува да го продаде и ќе видиме каква одлука ќе донесе норвешкиот фудбалер на крајот.

На позајмица играше и за Витесе и Хернвенен пред да замине во Сосиедад.