Connect with us

Фудбал

Реал одреди замена за Бензема, сите го посакуваат, а сумата е – 100.000.000!

Карим Бензема најверојатно влегува во својата последна сезона, 2023/24 во дресот на Реал Мадрид и Флорентино Перез планира адекватна замена. Според последните информации, Реал влезе и во трката за Рандал Коло Муани кој го брка половина Европа. Французинот експлодираше во дресот на Ајнтрахт, па не е ни чудо што го посакува и Баерн Минхен, но се споменуваат и Манчестер Јунајтед и Челзи.

Реал Мадрид е секако клубот кој би повел во оваа трка, но само кога би бил подготвен да ги исполни барањата на Ајнтрахт, кои не се за занемарување. Клубот од Франкфурт бара дури 100 милиони евра за неговото обештетување, па останува да видиме кој клуб ќе биде најупорен.

Матео Морето пишува дека Реал е подготвен да понуди 80 милиони евра, па очигледно ова ќе бидат долги преговори. Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен се сериозни противници, практично не се знае кому му е попотребна нова „деветка“, на Ерик тен Хаг или Томас Тухел, иако се гледа и кон Виктор Осимен, кој исто така чини 100 милиони евра.