Фудбал
Реал против Интер без Бензема
Карим Бензема не тренираше со остатокот од тимот утрово.
Имено, Французинот има болки во мускулите и остана да вежба во теретана.
Очигледно тој нема да може да му помогне на тимот во среда во Милано против Интер, а Зидан треба да го има на располагање за дуелот од саботата во лигата против Депортиво Алавес.
Повредата на Бензема ги предизвика проблемите на Зидан, бидејќи Лука Јовиќ е позитивен на коронавирус, па единствена опција е Марино Дијаз.
Реал по три кола во групата Б од Лигата на шампионите го зазема третото место со само четири освоени бода.
Интер, пак, има два бода и ова е многу важен натпревар за двата тима.