Connect with us

Фудбал

Реал се откажа од голема трансфер цел

Реал Мадрид ќе се откаже од идејата да го привлече Антонио Рудигер, пренесуваат шпанските медиуми. Германскиот репрезентативец се уште го нема обновено договорот со Челзи, а тоа го направи апетитен залак за многу клубови, вклучувајќи го и Реал, но на „Сантијаго Бернабеу“ брзо се предомислија.

Реал ги смета Давид Алаба и Едер Милитао за предводници на одбраната. Ако се купи нов централен дефанзивец, тој сигурно ќе биде млад. Од друга страна, кралскиот клуб се сомнева дека агентот на Рудигер едноставно се обидува да го искористи интересот на шпанскиот велемајстор за да му обезбеди поголема плата на својот клиент во друга екипа.

Мадриѓаните сигурно не се подготвени да му платат на Германецот 12 милиони евра по сезона, како што бараше неговиот агент. Приоритет за „белите“ е да го обноват договорот на Милитао, кој сега ќе добива 8,5 милиони евра годишно.

Реклама

Facebook

Реклама