Connect with us

Фудбал

Реал Сосиедад го губи „здивот“, но и натаму е пред Реал, Барса, Атлетико…

Најпријатното изненадување во шпанската лига Реал Сосиедад како да го губи „здивот“.  Трет меч по ред не успева да победи, односно го забележа третото реми во низа. Овој пат против Еибар.

Натпреварот се одвиваше како што тие сакаа, па во 20-та минута поведоа преку Баренетксеа. Еибар сепак успеа да стигне до израмнување. Серхио Енрич погоди за 1-1 во 65. минута од средбата.

Домаќинот по ова имаше неколку шанси повторно да поведе и да дојде до победа, но сепак не успеа да ја затресе противничката мрежа.

Покрај тоа што три кола не победија, Реал Сосиедад сепак се уште е лидер во Ла Лига пред Атлетико Мадрид, Реал, Барселона. Има 26 бодови, исто колку и „Јорганџиите“, додека Реал Мадрид има 23. Барселона е многу ниско на табелата со 14 бодови на 10-то место, но сепак за разлика од конкурентите, кои одиграа 13 меча, Каталонците имаат три меча помалку, вклучувајќи го вечерашниот против Леванте.