Фудбал
Реал Сосиедад го зема полскиот репрезентативец од Русија
Реал Сосиедад ќе ја искористи дозволата на ФИФА за привлекување играчи од првенствата на Русија и Украина за да се засили со полскиот репрезентативец Себастијан Шимански од Динамо Москва, пишува „Мундо Депортиво“.
„Сето тоа е прашање на преговори. Можно е Шимански да добие трансфер до 7 април. Во спротивно, на лето ќе го напушти Динамо. Имаме договор за сумата за која ќе биде продаден Себастијан“, изјави агентот на играчот од средниот ред Мариуш Пекарски.
Оваа сезона играчот од средниот ред има 20 натпревари и 6 гола во руската Премиер лига.