Фудбал
Реал успешно тргна во одбрана на трофејот во Лигата на шампионите, Салцбург ги запре „ѕверовите“ на Милан
Во вторникот вечерта се одиграа првите натпревари во новата сезона од групната фаза од Лигата на шампионите.
Во 1. коло од групата Ф, актуелниот шампион Реал Мадрид гостуваше во Шкотска кај тимот на Селтик и на крајот сигурно победи со резултат од 0:3.
Селтик во првите 45 минути им беше достоен ривал на кралевите, се држеа и имаа шанса да поведат, но шкотскиот првак „исчезна“ во продолжение.
Винисиус Јуниор го постигна водечкиот гол за Реал во 56. минута, а само четири минути подоцна Лука Модриќ во свој стил погоди за 2:0.
Асистент беше Еден Азар, кој постигна гол во 77. минута по асистенција на Карвахал и одлична акција на гостите. Азар влезе во игра во 30. минута откако се повреди Карим Бензема.
Во вториот натпревар од оваа група имаше мало изненадување, откако тимот на Шахтјор победи против Лајпциг во Германија со 4:1.
Во групата Е Милан играше против Салцбург, а на крајот освои само бод како фаворит (1:1).
Домашните поведоа со голот на Окафор во 28. минута, но Саелемакерс во 40. минута израмни на 1:1.
Претходно денеска во истата група Динамо го шокираше Челзи победувајќи го со 1:0 на Максимир со голот на Мислав Оршиќ.
Во 2. коло Динамо ќе оди на Сан Сиро, додека Салцбург на Стемфорд Бриџ ќе му гостува на Челзи.