Connect with us

Фудбал

Реченицата на Златан по која ѕездите на Барселона замолкнаа: Што е најважно на светот за Ибра?

Златан Ибрахимовиќ помина една сезона во Барселона, и го напушти Ноу Камп поради несогласување со Пеп Гвардиола.

Ибрахимовиќ имал исклучително тешко детство, израснал во сиромашен дел на Малме, како момче останал желен за многу работи и затоа не е изненадувачки што најмногу се грижел за парите во светот.

Жерард Пике ги откри деталите од разговорот со Златан минатата година кога сега веќе искусниот стопер и другите присутни останаа без зборови.

„Златан е човек кој сака пари повеќе од што било на светот. Тој еднаш ни рече дека парите не се најважната работа на светот. Ние не рековме ништо, а потоа заврши: „Да се ​​има многу пари е најважно“.

Само што ја доби првата голема плата по трансферот во Ајакс, Ибрахимовиќ пред скоро 20 години купи скапо Ферари со цел да ја придобие неговата сегашна сопруга Хелена Сегер.

Исклучувајќи ги спонзорските договори, Ибрахимовиќ досега има заработено над 450 милиони евра само од плати. ПСЖ уплати најмногу на неговата сметка, околу 50 милиони, во периодот од 2012 до 2016 година.