Тајмаут
Речиси 300 заразени пред Олимпијадата во Пекинг за само една недела
Кинеските власти идентификуваа скоро 300 случаи на коронавирус кај луѓето кои пристигнаа на Олимпијадата во Пекинг од 23 јануари. Ова за време на седницата на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) го соопшти претседателот на медицинската експертска група на Организацискиот комитет Пекинг 2022 Брајан МекКлоски.
Точниот број на откриени случаи е 287 од вкупно 610.000 направени тестови. 55 случаи се од 3 февруари, од кои 29 на аеродром и 26 во „балонот“ во кој живеат сите учесници на Игрите.
„Бројките се многу мали. Уверени сме дека системот ќе работи. Но, не сме мирни. Ги следиме сите мерки“, рече МекКлоски.
Тој додаде дека откако ќе пристигнат сите учесници, бројките ќе почнат да опаѓаат.
Меѓу заразените има 26 спортисти и официјални лица, соопштија организаторите.
Олимпијадата во Пекинг е отворена на 4 февруари.
Кина воведе строга контрола на КОВИД-19, вклучувајќи дневни PCR проверки и карантин на секој кој бил во близок контакт со заразените.