Connect with us

Фудбал

Редици пред „Драгао“, се бара влезница повеќе за Португалија-Македонија

Oд утринава почнаа да се продаваат билетите за натпреварот Португалија-Македонија. Според фотографиите на португалскиот весник „Рекорд“ се бара билет повеќе. Редици долги и до стотина метри има пред билетарите на стадионот.

Билетарниците започнаа да работат во 09:00 часот, а фудбалските фанатици веќе беа подготвени да започнат со купување. Цените на влезниците варираат помеѓу 10, 12,5 и 15 евра, а може да се купат и во онлајн билетарата на Фудбалската федерација на Португалија, како и во продавниците „Континенте“.

Капацитетот на стадионот е 50 илјади и се очекува да биде полн, па Македонија повторно ќе игра во фантастичен амбиент, како што беше и вчера на „Ренцо Барбера“ во Палермо.

Секако дека Португалците сакаат да го видат уште еднаш Роналдо, но сакаат да ја видат и силната Македонија.