Фудбал
Рекордни бројки на Челзи, Тухел задоволен иако не победија: Ќе направиме тим против кој никој нема да сака да игра
Томас Тухел дебитираше на клупата на Челзи. На неговиот прв меч тимот одигра 0:0 против Вулверхемптон. „Сините“ од Лондон доминираа, имаа посед на топка 78,9 отсто и 820 додавања, нешто што статистички не е забележано во Премиер лигата од 2003-та година.
Покрај тоа што не победија, Тухел е задоволен.
-Задоволен сум од она што го видов денеска. Ќе направиме тим против кој никој нема да сака да игра. За мене е предизвик да го направам тоа што е можно побрзо. Со ова денеска јас сум задоволен, изјави Тухел по мечот.
Шанса за победа Тухел има во сабота кога на „Стемфорд Бриџ“ гостува Барнли.