Connect with us

Фудбал

Репрезентативец на Косово се жали: Што прави израелската полиција во Приштина? Ова е скандал, вакво нешто никогаш не се случило

Вечерва репрезентацијата на Косово е домаќин на Израел, во заостанатиот квалификациски меч. Како што е познато овој натпревар беше одложен бидејќи требаше да се игра во деновите кога припадници на Хамас извршија терористички напад врз Израел и убија 1400 лица. Од 7-ми октомври кога се случи нападот, израелската армија врши константни напади врз појасот Газа, во кои досега се убиени над 11.000 лица, две третини од нив се жени и деца.

Израелската репрезентација вчера пристигна во Приштина, а според информациите на тамошните медиуми владее вистинска полициска опсада. Според зборовите на најпознатиот косовски репрезентативец Ведат Муриќи, кој игра за шпанска Малага, таму има израелска полиција која дури ги претресувала и фудбалерите на Косово.

„Израелската полиција не проверува на аеродромот во Приштина. Ова е многу чудно, вакви работи никогаш не се случиле. Ништо од ова не се случи кога доаѓаа Романија и Црна Гора. Ова не е војна, ова е фудбал. Искрено, ова е скандал, пред се што прават во нашата татковина“, се чуди Муриќи и додаде:

„Не разбирам зошто Израелците се толку загрижени, дојдовме овде да играме фудбал. Не ми е гајле дали се под притисок, неверојатно е што израелската полиција дојде овде да не провери, особено на аеродромот во Приштина. Јас сум против политиката во спортот, но за жал се случуваат вакви работи“.