Фудбал
„Репрезентацијата ја преставува државата и затоа треба да стои Северна Македонија“, рече Заев
На пратеничко прашање од пратеничката Ане Лашкоска, околу твитот „македонска фудбалска репрезентација“, премиерот Зоран Заев денеска од собраниска говорница.
Тој кажа дека твитот е погрешен, затоа што фудбалската репрезентација ја преставувала државата, а според Догворот од Преспа, треба да стои репрезентација на Северна Македонија.
„Проблемот е што барате начин како да ја замајувате јавноста како неискрен пристап во она што преставува гарантирање на иднината. Кога се претставува државата, а репрезентацијата ја преставува државата, тогаш се употребува репрезентација на Северна Македонија. Тоа е јасно потврдено во Преспанскиот договор. Македонско, македонски, македонско, македонец, тоа се употребуваат во сите други форми на општење и соопштување на ставовите. Затоа е коректно и политички да човек се корегира кога нешто е спротивно на Преспанскиот договор“, рече Заев.